
18
јул
2020
Брауни во шолја (Mug brownie) 2
Уште едно брауни колаче од шолја исто така вкусно и неодоливо, особено со топче сладолед - мерак!
Две минути работа и веќе ќе уживате во прекрасниот чоколаден вкус.
Во шојла се мешаат прво сувите состојки.
Потоа се додаваат водените и убаво се меша до компактност.
Одозгора се посипува со чоколадните капки или ако не можите да си ги најдите кај сте ги затуриле ко мене хаха одлични се и чоколадните струготини.
Шолјата ставете ја во микробранова 1 минута на најсилно. Потоа уште 30 секунди и колачето е готово.
Лиценца: Сите права се задржани