Бомбоњера, срце пралини
Ми останаа 2 полни лажици изматен ганаш. Додадов уште некои состојки и добив прекрасни пралини.
Калапчето ми е мало, има место за 12 пралини, па од остатокот на смесата направив бомбици
1. Прво во сад над пареа ги растопуваме нутелата, маслото и чоколадото.
2. Во сад ги ставаме изматениот ганаш, веќе соединетите состојки, лешниците и бисквитите. Јас шеќер воопшто не додадов. По желба може да се додаде и шеќер во прав. Смесата убаво ја соединуваме со рака.
3. Сега го растопуваме чоколадото и ги премачкуваме калапчињата, срцињата во 2 наврати.
Оставаме во замрзнувач на 10 минути. Потоа ги полниме срценцата со подготвената смеса. Убаво израмнуваме и ги покриваме со растопено чоколадо. Оставаме во фрижидер да се стегнат.
Внимателно ги вадиме срцињата од силиконските калапчиња и ги сервираме.
Спремни се за дегустацијата
Лиценца: Сите права се задржани
Kaj mene najcesto vaka nastanuvaat receptite, od ona sto ima vo domasnite rezervi
Нема рецепт,јас ќе го направам,само да се искористи се.
Убавки бонбончињата.
Fala