- Од шеќерот, мелените ореви и румот замесете тесто од кое ќе може да направите мали топчиња како џамлии.
- Чоколадото со маслото стопете на пареа
- Во најмалите уметнувачи (корпичките) за ситни слатки ставете прво малку од стопеното чоколадо, ставете од топчињата, залијте со чоколада, се така додека потрошите и топчињата и чоколадата.
- Декорирајте по ваша желба и оставете да се ладат.
Совет
- За полесно да ги полните корпињата, ставајте ги во некоја модличка и полнете. Јас ставам во модлите за пралини, ги редам корпињата во нив, ставам во сите по малку чоколада, ставам од кугличките и тогаш полнам.
- За прв пат кога ги правев од мнооогу одамна, рецептот ми беше со декорација од разнобојни желе бомбони кои ќе ги измиев од шеќерот и така влажни ги сецкав на поситни парчиња, па одозгора врз чоколадата ставав и носеа име Чупавци, заради чушавиот изглед од желе бомбоните. Значи декорацијата по ваша желба. Овој пат бела чоколада, јатка од орев, ставив на оган сируп од малинки во кој додадов гел фикс, потоа внимателно капнував по една капка.
- Бројот на бомбиците зависи од големина на вметнувачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани