Испечати

Фантазија шарени бомбици со чоколадо и бисквити

Фантазија шарени бомбици со чоколадо и бисквити

Состојки

  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер
  • 2 ванилин шеќер Фантазија
  • 10 гр. какао
  • 100 гр. чоколада
  • 200 гр. мелени бисквити
  • 100 мл млеко
  • За декорација
  • шарени трошки Фантазија

Подготовка

Се става на оган да зоврие млекото, шеќерот, чоколадата, какаото и маргаринот. Зоврива 5 мин., се трга од оган и се остава да олади.

Откако убаво ќе се олади, се ставаат мелените бисквити, ванилата и се прават бомбици.

Се валкаат во шарени трошки или во плочки чоколада од ФАНТАЗИЈА. 
ПРЕВКУСНИ.