![Бомбици со суво овошје](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/06/viber_image_2020-05-29_20-49-28-d48c47-800x460.jpg)
Бомбици со суво овошје
Измиеното и исчистено суво овошје го мелеме на машина за мелење. Ако ви е полесно можете и ситно да го исецкате. Кон него ги додаваме мелените лешници. Наместо лешници може да се стави и ореви, по желба.
На пареа ја топиме чоколадата со 5 лажици млеко и 100 грама маргарин. Кога ќе се стопи и тоа го додаваме кон сувото овошје. Додаваме и мелени бисквити. Се заедно мешаме и правиме бомбици кои ги валкаме во мелени лешници.
Можете да направите и друга комбинација на суво овошје,но оваа комбинација е во ред бидејќи смоквите и грозјето даваат сладост, а брусницата и кајсиите киселост, па не потребно додавање на шеќер.
Брзо и вкусно, пробајте и нека ви е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови