Со еден сад на оган ставте го маргаринот, млекото, шеќерот и какаото да се соединат, но мешајте постепено. Откако ќе се соединат оставте малку да оладат.
Во друг сад ставте го претходно измелениот бисквит, путерот од кикирики и еуро кремот.
Дојдајте ја смесата од маргаринот, млекото, какаото и шеќерот и со рака соединете.
Од смесата формирајте бомбици. На средината од секоја бомбица ставте по едно стапче за ражничи. Црното чоколадо растопете го со 3-те лажици масло на средна температура. Секоја бомбица потопете ја во црното чоколадо и оставте чоколадото да се здрви. Откако ќе се здрват растопете го белото чоколадо со 1 лажица масло и накапете ги по желба бомбиците.
Путер од кикирики-Изблендирајте ги ситно кикириките па додајте го маслото и медот и блендирајте додека да добите хомогена смеса (Домашниот путер од кикирики сепак има малку грутчиња за разлика од купениот путер од кикирики).
Декорацијата на бомбиците е по желба може и на поинаков начин да се декорира тоа зависи од самите вас...Добар апетит... :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани