За пандишпан
Јајцата и шеќерот се матат убаво потоа се додава маслото, брашното какаото и прашокот за пециво и се меша убаво.
Се пече на на 200 степени во тавче број 18.
Готовиот пандишпан се рони и се остава да се излади.
За фил
Малку од млекото се остава за да се размати со пудингот, во преостанатото млеко се додава шеќерот и се става да почне да врие. Се додава пудингот и се вари додека се згусти. Се остава да се излади и потоа се мати со путерот.
Изладениот пандишпан и изладениот фил се соединуваат убаво и се замесува со рака. Се формираат бомбици и во секоја бомбица во средина се става по малку мармалад, се обликува убаво и се валка во кокос.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови