Бомбици со мармалад
Состојки
- 100 гр густ мармалад од смокви
- 100-150гр мелени бисквити
- 100 гр јадро мелени ореви
- 125 гр шеќер во прав
Подготовка
Кога сакате нешто брзо и благо,тогаш направете си бомбици.
Да се искористимармаладот од смокви ги спремив следните бомбици.
Јадро ги исецкав оревите па ги помешав со мармеладот од смокви.
Додадов мелени бисквити.
Пишав од 100 до 150 затоа што тоа зависи колку ви е густ
мармеладот.
Шеќерот додадете го на крај па формирајте ги бомбиците.
Колку повеќе стојат толку ми се поубави.
На здравје