Бомбици од цедено кисело млеко
Мислам дека пред доста години Лиле го презентираше лабнехот овде, ама еве да повториме. Потребно ви е кисело млеко. Најдобро ако е домашно. Јас за овие бомбици искористив домашно овчко кисело млеко.
1. Количината сами ја одредувате. Над цедилката ставете газа во неколку слоја или кујнска крпа и ставете од млекото. Посолете го по вкус. Оставете го да се цеди најмалку 24 часа. Јас го оставив во фрижидер без малку 2 дена.
2. Во едно тањирче ставете ситно исечкан свеж власец, а во друго чадена црвена пипер, или буковска, по ваша желба. Маслото пожелно е да е ладно цедено, стоејќи во фрижидер ќе се здрви, па може и него да го искористите, премачкајте го преку печено лепче, совршен вкус има.
3. Со влажни раце земајте по малку од исцеденото млеко, формирајте бомбица, извалкајте ја една во власецот, друга во пиперта и така се додека имате од млекото.
4. Бомбиците како ги ставате во теглата заливајте ги по малку од маслото.
На крајот ви претстои уживање!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови