Бомбици од сладок компир-батат
Во мојот стар тефтер имав запишано бомбици од компири. Решив да ги направам после дооолго време, но овој пат да пробам со американските слатки компири. Како периодов претрпе многу раскревања и преместувања по дома, тефтерот никако да се најди при рака, а веќе ги сварив, па рецептот што следува е чиста импровизација и дел од некоја состојка по сеќавање (иако јас слабо паметам рецепти). Компир е компир, не очекувајте кој знае што, но дека е еден невообичаен состав за бомбици-тоа е сигурно.
Излупете ги и сварете ги компирите. Потоа испасирајте ги.
Маргаринот и чоколадото растопете ги.
Сите состојки убаво измешајте ги и потоа формирајте бомбици, така што во секоја ќе ставите парче јаткасто овошје (орев, лешник, ф`стак,, бадем, кикирики... што сакате, што имате) предходно потопени во мед.
По желба, одозгора врз секоја бомбица ставете половинка од изборот за внатрешното полнење или попрскајте ги со растопено темно чоколадо. Секако, дека можи да ги оставите и само извалкани со кокосот и да не ставате ништо внатре.
*За посна верзија можи да не додавате чоколадо доколку белото не е посно, ами со останатите состојки да ја изрегулирате и подесите смесата за формирање на бомбици.
Лиценца: Сите права се задржани