10
окт
2012
Бомбици со туна
Во длабок сад истурете ја туната.
Додадете ги трошките од соја(претходно потопени во вода и исцедени), лебните трошки, 100гр. од печениот сусам и ренданиот варен компир.
Посолете сосема малку, наросете црн бибер и убаво со мешање соединете ја смесата.
Од подготвената смеса формирајте бомбици и свалкајте ги во лебни трошки или во преостанатиот печен сусам.
Оставете ги околу 30 минути до 1 час во фрижидер и послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови