Бомбици со туна
Состојки
- 250гр. туна од конзерва
- 150гр. печен сусам
- 2 лажици трошки од соја
- 2 лажици лебни трошки
- 2 варени компира
- малку сол и мелен црн бибер
Подготовка
Во длабок сад истурете ја туната.
Додадете ги трошките од соја(претходно потопени во вода и исцедени), лебните трошки, 100гр. од печениот сусам и ренданиот варен компир.
Посолете сосема малку, наросете црн бибер и убаво со мешање соединете ја смесата.
Од подготвената смеса формирајте бомбици и свалкајте ги во лебни трошки или во преостанатиот печен сусам.
Оставете ги околу 30 минути до 1 час во фрижидер и послужете.