Двата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење.
Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови