Божиќен колач со урми
Состојки
- 2 чаши бело брашно
- 1/2 чаша интегрално брашно
- 30 парчиња свежи урми
- 3 лажици мед
- 50 грама суво грозје
- 2 чаши оризово млеко или вода
- 100 мл масло
- 30 гр кокосово масло или путер
- 2 лажички цејлонски цимет во прав
- 1 лажица какао
- 1 лажица сода бикарбона
- 1 лажица прашок за пециво
- 200 гр чоколадо со над 60% какао
- 1 лажичка кокосово масло или путер
- 1 лажица оризово млеко
- 1 лажичка масло
Подготовка
Двата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење.
Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит!