Божиќен бел комисброд
Правев од половина количина од наведените состојки, односно ги искористив 3 белки кои ми останаа од јубилејот, од неговата подготовка. Печев во мал калап на делимано. За цела количина на состојки користете долгнавест, тесен калап за леб.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат белките. Матиме и постепено додаваме шеќер. Кога ќе добиеме густ шам го исклучуваме миксерот.
2. Во сад ги соединуваме мешавината на суво и јаткасто овошје (кај мене бадеми), црни сливи, суво грозје, кандиранa кора од портокал, па брашното и пецивото. Убаво промешуваме, со цел да се обложи секое парченце, како не би паднало на дното на калапот.
3. Сега внимателно го додаваме маслото, лесно соединуваме и подготвената мешавина од брашно и овошје. Изедначената смеса ја ставаме во калап во кој има хартија за печење. Печиеме околу 25 минути. Проверуваме со чепкалка.
Испечениот комисброд го ставаме на решетка да се излади, па го сечеме на парчиња.
Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Lani spodeliv i dr recept za bel komisbrod
Sekoj za sebe e ubav
A osnovata e belki
Blagodaram Irena
Recept od nasite majki