Брашното, пецивото, шеќерот, јајцата, млекото и маргаринот измешајте ги заедно и замесете тесто. Додајте ванила и цимет.
Сувото овошје полијте го со коњак и оставете на страна.
Оревите, лешниците, локумот и тиквата исечете ги на коцки.
И сувото овошје исечете го на коцки.
Се’ додајте во тестото, изрендајте кора од лимон и протокал, оставете го 15 минути.
Печете го тестото во загреана рерна 45-50 минути на 200 степени.
Готовиот колач посипете го со шеќер во прав.
Добар апетит!
Многу вкусен и миризлив колач, пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани