29
дек
2021
Божествени колачи
Со еден збор совршени и ароматични колачи, кои треба да ги направите.
Подготовка:
1. Во длабок сад се ставаат брашното, јајцата, шеќерот, какаото, маслото, ванилата, пецивото, румот и маргаринот. Сево ова се меси со рака, да се изедначи смесата. На крајот се додава ренданата кора од портокал. Тестото е меко и еластично и добро е да се работи со него.
2. Се обликуваат топчиња колку орев и се редат во подмачкан плех. На секое колаче се прави длабнатина во средината за кога ќе се испечат да се наполнат со стопено чоколадо.
3. Колачите се печат на 180С-20мин. Внатре глазура со бело чоколадо, крем.
Лиценца: Сите права се задржани