Бовчи од палачинки со фил од спанаќ
Прееекрасни, прееекрасни се, како на изглед така и на вкус.
Подгответе ги за вашите најмили
Топла препорака од мене
Прво во еден сад ги соединуваме сите состојки за палачинките.
На умерен оган во загреана тава ги пржиме на стандарден начин.
Од оваа доза излегуваат 6-7 палачинки во тава бр 24.
Ги остваме малку палачинките да се изладат, а за тоа време го подготвуваме полнењето.
На загреано масло го пржиме многу ситно сецканото младо кромидче.
Го додаваме исецканиот спанаќ и зачинуваме.
Треба водичката потполно да испари.
Тука по желба може да се додаде дробена фета, коцки кашкавал...
Сега земаме една палачинка и ја премачкуваме со крем сирење.
Во средината ставаме полна лажица пржен спанаќ, па рендаме кашкавал, па ставме парче домат.
Со младо перце од кромид ја завиткуваме бовчата.
Сервираме.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани
По желба може да се додаде чајна, печеница... Кои беа во план ама останаа во фрижидер хаха
Prekrasni bea
Pozzzzz