Блага погача со фил од пудинг
Се мешаат сувите состојки, се додава маслото, јајцето и млеко по потреба за да се замеси меко тесто.
Стасува околу 1 час и 30 мин.. на топло место.
Потоа без премесување се отвора тркалезна кора, се префрлува на хартија за печење.Во средината се става плитко мало тањирче, се обележува круг.Се засекува, се гледа од фотографиите.Средната лента се витка како ролатче, а двете странични се спојуваат.
Се стасува повторно, 30 мин..
Откако ќе надојди, во средината се нанесува пудингот, ставив и некоја јаготка од слатко, убаво исцедена.
Страничните делови се премачкуваат со јајце.
Се печи во загреана рерна на 180 околу 20 мин., додека убаво порумени.
За филот
Пудинзи се варат со млекото и шеќерот..Се осатава да излади со повремени мешања, а пред нанесување се миксира со миксер.
Блакце за мерак...на здравје! -)))
Лиценца: Сите права се задржани