Блага погача
Се мешаат брашното, квасецот, прашокот за печиво, шеќерот, маслото, сокот и ренданата кора од портокал. Вода се додава по потреба, се додека се добие средно тесто. Вака измесеното тесто се дели на 3 поголеми и 1 помал дел.
Првиот дел се исукува во кора и се става во предходно намастен и набрашнет калап бр.25. Убаво се распоредува по дното. Врз него се наросуваат толчените ореви.
Во вториот дел се додаваат 2-те лажици какао и убаво се измесува. И тој се исукува во кора и се става врз првата кора.Се премачкува со мармалад.
Во третиот дел се додава макот. И овој дел се исукува во кора и се става врз втората кора. Со нож,корите ги сечиме на осминки. Со тесниот дел, врвот, ги завраќаме наназад. Во средината, во самата празнина која ќе се направи, го ставаме и четвртиот дел. Погачата ја оставаме на топло се додека не ја удвои својата големина. Печиме на средна температура.
Лиценца: Сите права се задржани
аа, па што не кажа порано....сега и бурек треба да учам како се прави.фала ти многу за комплексите што ми ги набиваш :) :) :) :)
шала на страна, сфатив како е. не е тешко. уствари ултра лесно е, а ептен фенси. ќе го чувам како ас во ракав и ќе изнанадам гости некој ден. нека мислат дека којзнае што знам да правам :) :) :) :)