Блага погача
Состојки
- 700 до 800 гр. брашно
- 1 квасец
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 100 до 120 гр. шеќер
- 2 филџани масло
- вода по потреба
- 1 портокал,сокот и кората
- 2 лажици чоколадно какао
- 100 гр. ситно толчени ореви
- 2 до 3 лажици мак
- 4 до 5 лажици мармалад
Подготовка
Се мешаат брашното, квасецот, прашокот за печиво, шеќерот, маслото, сокот и ренданата кора од портокал. Вода се додава по потреба, се додека се добие средно тесто. Вака измесеното тесто се дели на 3 поголеми и 1 помал дел.
Првиот дел се исукува во кора и се става во предходно намастен и набрашнет калап бр.25. Убаво се распоредува по дното. Врз него се наросуваат толчените ореви.
Во вториот дел се додаваат 2-те лажици какао и убаво се измесува. И тој се исукува во кора и се става врз првата кора.Се премачкува со мармалад.
Во третиот дел се додава макот. И овој дел се исукува во кора и се става врз втората кора. Со нож,корите ги сечиме на осминки. Со тесниот дел, врвот, ги завраќаме наназад. Во средината, во самата празнина која ќе се направи, го ставаме и четвртиот дел. Погачата ја оставаме на топло се додека не ја удвои својата големина. Печиме на средна температура.