3
јан
2016
Блага векна со афион (посно)
Во длабок сад ставете ги состојките за тесто и замесете средно меко не лепливо тесто.
Покријте го со крпа и оставете да стаса.
Откако ќе стаса премесете го и ставете го калап за векна.
Оставете малку да потстаса.
Печете на 200 степени 15 минути и уште 10-15 минути на 180 степени.(Кога ќе ја намалите температурата покријте со алуминиумска фолија за да не ви изгори горниот дел).
Во меѓувреме подгответе го шербетот за премачкување
На оган ставете го шеќерот и водата кратко да провријат и со него премачкајте ја штотуку испечената векна.
Лиценца: Сите права се задржани