Припрема

- Белките со миксер изработете ги заедно со шекерот, додадете го зејтинот, брашното - измешајте со лажица, додадете го миксот од овошје, измешајте.
- Полнете хартиени подметачи (корпиците) и печете на 180 степени околу 20-25 мин.
- Оладени издлабете ги малку на средината, извадениот дел измешајте го со Крем Карамелот (Дулчето) - полнете го добиениот отвор, или наполнете го отворот само со Крем Карамел, но оставете малку место како би го затвориле со извадениот дел.
- Сматете снег од белки или слатка павлака и декорирајте по желба, а можете и да ги полиете со глазура од чоколада или со малку загреан Крем Карамел на кој ќе му додадете сосема малку слатка павлака.
- Тоа останува на вас вие да си изберете.
Превкусни!
Совет -
Веќе ќе забележите дека нема мерки во грамови, туку во чаша, а со самото тоа и ќе сватите дека белките ќе ги ставите во чаша која ќе се наполни и продолжувате со истата чаша да ги мерите останатите состојки.

Понекогаш имам само 2 белки кои ги ставам во филџан кој по големината одговара на количината на белките (треба да е полн) и продолжувам понатаму да мерам со истиот филџан.
- За длабење на мафинот користам она специјалното ноже за вадење на семки од пиперките... така ми е полесно и еднакви отвори се прават.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани