26
ное
2015
Бели лазањи со сланина
Печурките се сецкаат на листови и се пржат да омекнат. Се додаваат сланината и шунката исецкани на коцкички и на крај течната павлака за готвење.
Бешамелот се прави на стандарден начин. Се запржува брашното со путерот, се додава млекото и јогуртот. Се меша додека не згусне.
Во тава се реди ред лазањи-бешамел-фил. Јас правам со 4 реда лазањи. Одозгора се полева со бешамел и 200мл вода и се пече на тивко - 180степени. Кога се готови се ренда кашкавал и се враќаат во исклучена рерна уште 5мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови