Бела чоколадна торта
Оваа торта ја правев по повод крштевка на внукот. Пресек на тортата има во допонителните фотографии.
За пандишпанот
Се матат белките пенесто и во нив се додава шеќерот. Сето тоа се мати се додека шеќерот да се растопи и да се добие убава густа пенеста смеса. Во неа се додаваат претходно измешани кикириките, чоколадата и брашното. Се промешува со лажица и се става во тавче од електричен шпорет ( кај мене е со димензии 34х30) обложено со хартија за печење. Се пече на 180 степени околку 20-25 минути се додека убаво да зарумени.
Пандишпанот можете да го исечете потоа на 3 ленти за да биде како ролат или во мојот случај јас исеков две коцки 20х17 и едната лента од страна што остана ја исеков на половина и таа ја вметнав како среден пандишпан.
За првиот крем
Жолчките се матат со шеќерот во прав се додека убаво да побелат. Потоа се ставаат на пареа и се мешаат се додека да се згусне кремот. Кога ќе се стават на пареа во нив се додава и 100 гр. бела чоколада. Кога кремот ќе се згусне се остава на страна да се излади.
За вториот крем
Во сад на оган се става млекото со шеќерот за да зовријат. Од млекото се остава малку на страна за да се излешаат жолчките и густинот. Кога ќе зоврие млекото во него се става веќе измешаната смеса со густин и жолчки и млеко. Се меша додека да се згусне смесата.
И овој крем се остава на страна да се олади.
Кога кремовите ќе бидат олади се продолжува со завршување на кремот.
Во еден сад се мати маргаринот пенесто и во него се додава и првиот и вториот крем. Посебно се мати слатката павлака и таа потоа се додава во кремот.
Останатите 400 гр. бела чоколада се топи на пареа и таа се додава во претходниот крем.
Кремот можете малку да го оставите во фрижидер за да се стегне и потоа да ја филувате тортата.
Кога кремот ќе биде изладен се филува тортата.
Таа може да се декорира со фондан смеса како што е во мојот случај.
Или пак може да се декорира со изматена слатка павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
па дај имај милост!
некоЈ од нас мака мачи фил да размачка, не па вакви магии :) :) :) :)
78589584699
88***
++++++++++++++++
++++++++++++++++++++
o89wqwertyuiop[]qwertyuipop]]asdfgjk;'\\\zxvn,./588958689658985966664582564658568554855555555555555555555555489844985499999999999999999999999999999999999999999999999999992565555555555555555555555555555555555555555555555555555577777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777777774648545/8245469489575/*5246+487+44+45++454++445+++444++44547fg87fgh8f8gf5g9f55h4
488484949fsvb dfdfgg