После празниците со оброци од најчесто печено месо или на скара, душата посака и нешто на лажица да се оплакни и освежи. Така од состојките кои беа дома никна ова чорбиче. Најчесто во чорбести јадења сакаме пипер и запршка со брашно, но овде, уште во старт, се знаеше дека пипер тука нема да се „меша“. Се спрема брзо и едноставно.

Подготовка:

1. Исечкајте го ситно кромидот, компирот на помали парчиња и морковот на тркалца и ставете ги во околу 2 литри вода да се варат.

2. После 20на минути варење, додадете го оризот и 10на минути пред да е готова додадете ја искината брокулата.

3. Зачинете и изрегулирајте со течноста колкава густина ќе сакате финално, па на крај направете запршка со маслото и брашното или ако не сакате запршка, едноставно додадете го маслото во текот на варењето или со брокулата.

4. Густината освен со количината вода можи да ја постигните и ако испасирате дел од компирите, иако овде солидна улога игра и оризот во составот. Кој е љубител можи да додаде и ситно сечкан магдонос при крај или во сервирањето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови