Бајадера е кралица на непечените колачи, незаменлива е и е неизоставен дел од нашата Божиќна трпеза. Рецептот е од мајка ми и откако бев дете го правиме истиот и не го менуваме, вкусот е перфектен.

Припрема

Шеќерот водата и путерот се ставаат во тенџере да зовријат. Откако ќе зовријат и состојките ќе се стопат, се остава течноста малку да олади и се додаваат мелените ореви и бисквити. Се меша убаво и веднаш се дели смесата на половина. Во едната половина се додава 75 г растопено чоколадо и се меша убаво. Двата дела се оставаат малку да се оладат.
Светлиот дел се натапкува убаво и рамномерно се распоредува во правоаголно тавче 20 на 30 цм. Потоа врз него се нанесува кафеавиот дел. Убаво се распоредува и измазнува.
На крај се растопува преостанатото чоколадо на пареа и се нанесува одозгора.
Бајадерата се остава убаво да се излади и стегне во фрижидер.
Се покрива со фолија.
Следниот ден се сечи на правоаголници се послужува.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови