Карамел смеса

Карамелата се растопува на тивок оган со 10 лажици вода. Потоа се додава путерот и останатите суви состојки. Се вари 1 - 2 минути за да состојките се соединат. Смесата се расплескува на тепсија големина 34х23 цм. Смесата се израмнува со влажен нож и се става во фрижидер, додека се приготвува белата смеса.

Бела смеса

Водата и шеќерот се варат 2-3мин за да се згусне смесата. Се додаваат и останатите состојки и се готват уште 1-2 мин. Оваа смеса се става врз карамел смесата и се израмнува.

Чоколадна глазура
Чоколадото и маргаринот се топат на пареа и смесата се посипува врз колачот.

Бајадерата се става во фрижидер 1-2 саати и потоа се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови