Старински македонски ручек подготвен со ориз од Сончева долина.

Подготовка
Ги вариме батаците. На масло во тавче, на средна температура на рингла, го запржуваме сецканото кромитче, пиперката и сецканите моркови. Го додаваме измиениот ориз, пропржуваме кратко па целата смеса ја распоредуваме во тавата во која ќе се печат. Зачинуваме и посолуваме.
Ги распоредуваме варените батаци врз оризот и потоа додаваме вода во која се вареа батаците.
Печеме на 200 степени додека да се свари оризот и да се испечат батачињата.

Забелешка
Користам маслиново масло, ама можете да си ставите од кое вие си користите.
За да се задржи вкусот на батаците обично ги ставам во врела вода, а ако сакам да наравам мрсна и богата супа тогаш било и кое пилешко месо што го варам, го ставам во ладна вода.
Финтава со варењето е дека ако месото се стави во врела вода веднаш се стега и прави опна, така да соковите од него и маснотиите не излегуваат така лесно. А кога ќе се стави во ладна вода да се вари, додрека водата да се загрее соковите и масното, полека полека излегуваат од месото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани