Басбоса е традиционален колач од Блискиот Исток. Се прави со гриз и кокос потурени со шербет - слично на нашата раванија. Ако сте љубители на баклава, тулумба и кадиф, овој колач исто така ќе го вметните во листата на омилени парени десерти. Едноставен и брз за подготовка, за помалку од 1 час ќе имате завршено со целата подготовка.

Подготовка

1. Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги другите состојки. Истурете ја смесата во соодветно тавче покриено со хартија за печење. Јас користев квадратесто тавче број 28 и висината на колачот беше одлична.
Печете на 180 степени околу 30 мин.
2. Во меѓувреме, сварете сируп од шеќерот и водата, нека вари 10тина минути, па на крај додадете лимонов сок. Јас шербетот го ставив веднаш на ладење за да биди оладен кога ќе го потурам колачот
3. Откако ќе се испече колачот, исечете го на парчиња, потурете го шербетот (колачот топол, шербетот оладен) и наредете одозгора на секое парче по еден бадем. Немав бадеми, па наредив лешници.
Оставете да впие неколку часа и да се олади па послужете. Излегуваат 16тина парчиња.

Чашата е големина 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови