
Бареница
Подготовка
Брашното го замесуваме со јајцето, солта, квасецот, зејтинот и водата. По желба ставаме лен.
Вака подготвено го ставаме во подмачкано тавче бр.26 треба да биде тенко и го сечеме на коцки. Се пече на 250 степени 25 минути.
Во оригиналниот рецепт не се сече на коцки туку треба да се испече како погача се делат корите горната и долната средина се рони и се попарува со маст. Јас вака ја подготвувам со години едноставна и брза вечера со малку сирење и сезонска салата.
Лиценца: Сите права се задржани