За сите вас кои постите, а го сакате вкусот на печени банани и оној опоен мирис кој се шири низ кујната додека колачот се пече, е ова е вистинскиот рецепт за вас. Подготовка
1.Бананите, сирупот и ванила екстрактот ги блендираме во нутрибулет.
2. Брашното, зачините, пецивото, лешниците, шеќерот, какаото и кората од лимон ги соединуваме заедно со мелените банани, маслото и водата. Промешуваме со лажица до соединување.
3. За печење користиме мала делимано тава која ја намрсуваме и посипуваме со лебни трошки и кафеав шеќер. Ги редиме бананите сечкани на кругиви.
4. Смесата ја распоредуваме по бананите.
5. Ставаме да се пече првите 5 минути на 200 степени па намалуваме на 180 степени.
6. Печеме околу 20-25 минути. Забелешка
Колачов го имам правено со подлога само со кафеав шеќер, ама шеќерот се карамелизира при печење и бананите не се одвојуваат од тавчето лесно (иако јас вкусот на карамелизиран кафеав шеќер ептен го сакам, и само естетскиот дел не се запазува). Сега ставив лебни трошки и малку шеќер, па одвојувањето беше полесно.