Баклава со слатко од смокви
Вкусна и многу сочна баклава. Слаткото од смокви и семките на смоквите и даваат многу специфичен вкус.
Прво, подгответе си го филот со кој ќе ги поросувате корите. Значи оревите се мелат, чоколадото се ренда, а слаткото од смокви се сецка на ситни парченца.
Потоа следи редење на корите. Се подмачкува четвртастиот плех со маргарин и прво во него се стават три кори, кои претходно една до друга се попрскуваат само со масло. По третата кора, се попрскува масло, се наросува со мелени ореви и со чоколадото, па на крај се разредуваат и сецканите смокви. На наредното ложење на кората, постапката е слична, само наместо смокви се попрскува кората со сокот од слаткото од смокви.
Значи, на секоја кора се става масло, ореви и чоколадо, а наизменично (преку една) се ставаат смоквите, па сокот од слаткото.
Последните две кори се попрскуваат само со масло.
Потоа баклавата се сече на коцки и се полива со растопениот маргарин. Се пече на 200степени додека да зарумени.
-За подготовска на шербетот
Се ставаат водата и шеќерот да зовријат
Баклавата треба да биде ладна и се полива со жежок шербет. Шербетот се става врз баклавата веднаш откако ќе започне да врие, но постепено и останатиот шербет не се трга од оган се додека не се потроши цел. Се остава да отстои околу една вечер.
Забелешка
- Филот ќе го делите од око, спрема бројот на тоа колку кори има во пакувањето.
Оваа баклава е ложена, но може корите да ги мотате и како ролат и како триаголници, со тоа што ако се одлучите за триаголна форма на баклавата, можете во секое парче да оставате по една цела смоква, но да не се преголеми.
На здравје, со чаша ладна вода!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови