Баклава со алва и бисквити (посно)
Подготовка Најпрво го подготвив шербетот за да се излади додека ја стасам баклавата. Шеќерот заедно со водата се оставаат да повријат околу 5 минути и на крај се додава рендана кора од портокал и сокот од пола исцеден лимон. Се остава да се излади. Сите суви состојки се соединуваат во еден подлабок сад. Со нив се филуваат корите. Маргаринот и маслото се растопуваат и со нив се попрскуваат корите. Се реда тпо 3 кори една врз друга и секоја се попрскува со маргаринот. На третата кора се става на едниот крај од корите и се витка ролат. Се реди во долга тава и ако останало од растопениот маргарин, сите ролати озгора се попрскуваат. Се сече баклавата и се пече. Откако ќе излади баклавата се полева со ладниот шербет. Се остава да впие од шербетот преку ноќ.