Едно баклавче, едно залаче. Баклавава е врв! Се топи в уста и од што е убава, си реков дека нема да ја правам повеќе оти си каснувам по неколку на секое отворање на фрижидерот.

Подготовка:

1. Растопете го путерот и во него додадете ги мелените ореви и бисквити и измешајте.
2. Земете една кора и попрскајте ја со масло. Врз неа ставете уште една кора. На крајот ставете од филот и замотајте ги двете кори во ролат. Повторете ја постапката со сите кори. Спремните ролати редете ги на поголемо, намастено, правоаголно тавче. Пред печење, попрскајте ги одозгора со масло и исечете ги на парчиња.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени, додека убаво не поруменат.
4. Во меѓувреме подгответе го шербетот. Нека повријат заедно шеќерот и водата околу 15 минути. Оставете го шербетот да се олади.
5. После печење на баклавата, оставете ја да се подизлади. Јас ја потурив млаката баклава со млак шербет, за да останат парчињата крцкави од надвор, а внатре сочни. Инаку правилото е едното да е жешко, другото ладно. Оставете да се впие и веќе следниот ден е спремна за консумирање. Чувајте ја во фрижидер во кутија или покриена со фолија.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови