Баклава со мелени ореви (посно)
Поделете ги корите на пет дела, по три кори. Се прават вкупно пет ролати. Мелените ореви поделете ги исто на пет дела. Вклучете ја рерната да се загрева на 175 степени. Секоја кора се прска со зејтин и се става на целата кора по малку гриз. Врз третата кора, од потесната страна, ставете од мелените ореви и завиткајте во цврст ролат. Ставете во со зејтин подмачкана долгнавеста тава бр.36. Истото повторете го и со другите кори.
Откако сте ги направиле сите пет ролати, премачкајте ги со 50мл. зејтин (толку одприлика останува од вкупната количина), исечете парчиња со должина од околу 5см. (или поо желба) и ставете да се печи 45 мин. Готова е кога убаво ќе зарумени одозгора. Извадете ја од рерна и оставете потполно да се излади без да ја покривате.
Шеќерот и водата ставете ги да се варат. 5 минути откако ќе почне да врие се ставаат круговите лимон и се продолжува уште наредни 5 минути со варење. Тргнете го на страна и оставете да отстои 3 минути, па потоа налејте ја баклавата. Оставете повторно потполно да излади без да ја покривате со нешто, па потоа може да ставите фолија врз неа и да ја ставите во фрижидер.
Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 30 парчиња баклава.