Мирисот и вкусот на оваа погача ме враќа во детството.

Чекори
1. Направете го филот
  Сите состојки за филот се промешуваат убаво во еден сад. На страна се остава една лажица од направениот фил.

2. Направете го тестото
  Земете поголен сад и оставете го на страна. Во една чаша измешјате ги жолчките, ванилата и млекото.

3. Со миксер на мала брзина измешјате ги брашното, шеќерот, квасецот и солта. Полека додавајте ја смесата од млеко, ванила и жолчки околу 3-4 минути. Убрзајте го миксерот на средна брзина и додавајте го путерот парче по парче, додека не се соединат за минута, две. Продолжете да миксирате додека тестото не почне да се одделува од ѕидовите на садот (отприлика 10 минути). Вака приготвеното тесто се става во садот кој го оставивте на страна и се покрива со ќесе и пешкир и се остава да стаса 45 минути.
* Во случај да немате од статичните миксери, успева и со обичен и промесување со раце, пробано ми е.

4. Откако тестото стасало се става во фрижидер додека не порасне дупло, 45-60 минути.

5. Направете ја бабината погача
  Во тавата за печење ставете хартија.

6. Расукајте го тестото во правоаголник. Размачкајте го филот (освен едната лажица која е оставена на страна) оставајќи ги страните не измачкани за 1 цм. Од пократката страна го вртиме тестото во цилиндер, притискајќи на краевите за да не ни ситече во печењето.
* И во случај да истече, вкусот си останува и не е страшно. ^_^

7. Цилиндерот се става на тавата и како да е сукало го поместуваме малку напред, назад. Горе се става останатиот дел од филот. Краиштата се превиткуваат на пола и се соединуваат нивните краеви на средината од цилиндарот.

8. Нежно увијте како осмица. Покријте ја погачата и оставете да стаса уште еднаш на собна температура, 45 минути.

9. Испечете ја погачата
* Додека погачата стасува загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете го јајцето и премачкајте. Печете додека не добие убава бронзена боја, отприлика 40 минути. Оставете да се излади во тавата 20 минути па уживајте во вкусот.

Изладена погачата е исто превкусна и стои 3-4 дена (иако никогаш не останала неизедена толку долго. ^_^)

* Филот може да биде и поинаков по ваш вкус.

Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови