Па ова и не е некој посебен рецепт, идеа плус како да го искористиме останатиот леб. Баба ми ни го подготвуваше уште пред 20тина години и го обожававме. Би му дошло како нафора во домашни услови.
1. Лебот треба да е барем од претходниот ден за поубаво да се рони. Количините се по потреба во зависност за колку особи подготвувате. Корките од лебот се цепкаат на ситни парченца, а средината ја роните. Во садот во кој е лебот со рака попрскувате со вода и убаво промешувате со рацете (не треба да биде многу наводенет лебот, сосем малку).
2. Во тава на оган ставате многу малку масло колку само да се намрси, кога е загреано го ставте лебот. Мешате со лажица и по потреба (во зависност од количината на леб) додавате масло. Лебот не треба да се пржи и да плива во масло, туку само малку колку да добие вкус. Мешајте цело време со лажицата и печете/пржете додека не бидат крцкави парченцата. Ставете во чинија, изрендајте сиренце, чашка јогурт и готово е. Имате појадок или вечера за 10мин.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани