Бабина лисната пита
Замесете меко тесто од брашното, солта и млаката вода. Додадете го во него и оцетот. Оставете го тестото да се одмори околу 15 минути. Поделето го на 6 топчиња. Секое топче рассукајте го во круг. Првиот круг премачкајте го со полурастопен маргарин (или што и да употребувате) врз него ставете уште еден рассукан круг од тесто и исто премачкајте го со маргарин на крај ставете го третиот круг од тесто. Истата постапка повторете ја и со другите 3 рассукави топчиња од теста. Овие два наредени кори оставете ги да одстојат 10 минути. Секоја од нив расечете ја на 6 реза но не до крај. Секој рез премачкајте го исто со маргарин и преклопувајте ги еден преку друг како на сликата. Оставете ги така 5 минути.
Рассукајте ја првата топка од наредени премачкани слоеви и развлечете ја во премачкано со масло мало пчехче. Врз тестото ставете го целиот фил од урда и јајца. Втората топка од наредени подмачкани слоеви тесто исто рассукајте ја и преклопете ја врз кората со фил. Формирајте ги страниците на питата така што филот нема да излегува од краевите.
Може да формирате по желба и плетенка. Печете ја питата во претходно убаво загреана рерна на 220 степени околу 30 минути. Послужете ја питата со јогурт додека е топла или уште повкусна е оладена бидејќи е лисната. Добар апетит!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови