Подготовка:

1. Аспарагусот се лупи и му се отсекува едната страна. Во сад на оган се става вода да зоврие со малку сол. Во превриената вода се става аспарагусот да зоврие. По неколку минути се вади од водата и се цеди.

2. Во кацерола растопуваме путер, а потоа го додаваме сосот холандесе (сос за аспарагус)
Промешуваме да се соединат состојките и во готовиот сос го ставаме аспарагусот.
3. Свинските шницли ги пропржуваме на масло, па кога се готови, ги прелеваме со сосот и аспарагусот.
Како прилог ставив печен компир.
Нека е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови