Тиквата е една од најубавите есенски задоволства. За мене печена тиква е најдобрата и најздрава варијанта, особено во оваа форма со додаден мед, ореви и суво овошје зачинето со ванила и цимет е прекрасна. Одлична замена за секој десерт, гарантирам.

Подготовка

Ставете ја исечената и исчистена тиква на плех обложен со хартија за печење и печете на 220 Ц степени околу час и половина или додека омекне тиквата и не почнат да се затемнуваат рабовите на парчињата. Секоја тиква бара различно време за печење.
Потоа извадете го плехот од рерна и наполнете го секое парче со суво овошје претходно натопено во рум и сецкани ореви и лешници. Посипете ванилин шеќер и цимет и додадете по 1 лажица полна со мед на секое парче.
Вратете го плехот во рерна уште неколку минути за малку да се запечат додадените состојки и да се растопи медот.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови