Испечати

Ароматична печена тиква со мед, ореви и сушени плодови

Ароматична печена тиква со мед, ореви и сушени плодови

Состојки

  • 1 тиква исечена и исчистена од семиња (околу 10 парчиња)
  • 1 лажица мед за секое парче
  • 1 лажица сецкани ореви и лешници за секое парче
  • 1 лажица мешавина од исушени брусница и суво грозје за секое парче
  • 4-5 лажици рум за да го натопите сувото овошје
  • 1 лажиче цимет за цела тиква
  • 1 лажица ванилин шеќер за цела тиква

Подготовка

Тиквата е една од најубавите есенски задоволства. За мене печена тиква е најдобрата и најздрава варијанта, особено во оваа форма со додаден мед, ореви и суво овошје зачинето со ванила и цимет е прекрасна. Одлична замена за секој десерт, гарантирам.

Подготовка

Ставете ја исечената и исчистена тиква на плех обложен со хартија за печење и печете на 220 Ц степени околу час и половина или додека омекне тиквата и не почнат да се затемнуваат рабовите на парчињата. Секоја тиква бара различно време за печење.
Потоа извадете го плехот од рерна и наполнете го секое парче со суво овошје претходно натопено во рум и сецкани ореви и лешници. Посипете ванилин шеќер и цимет и додадете по 1 лажица полна со мед на секое парче.
Вратете го плехот во рерна уште неколку минути за малку да се запечат додадените состојки и да се растопи медот.
На здравје.