Ароматична баклава
Баклава секогаш присутна на нашите трпези за време на посните слави.
Ја правев со кори за пита и ја направив со 12 кори,вкупно 6 ролати.
Оревите,лешниците и бадемите прво неколку минути ги запекувам во рерна додека пуштат арома.Кога се оладени ги толчиме и во нив го додаваме ренданото чоколадо и рендана кора од половина лимон и половина портокал.
Земаме две кори и обилно од едната страна нанесуваме од полнењето.Виткаме ролат.Постапката ја повторуваме со останатите кори.
Ролатите ги сечеме на парчиња со сакана големина и полеваме со стопениот путер.
Баклавата ја шечеме во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
Шербетот го подготвуваме на стандарден начин кога водата и шеќерот треба да вријат неколку минути.
Печената баклава оставаме само минута две да олади па ја полеваме со топлиот шербет.Оставаме да преноќи.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови