Ароматичен ослич, со Далматински прилог од блитва и компир
1. Прво парчиња ослич ги лупиме, ги миеме и ги оставаме врз хартиени салфетки да отстојат.
2. Во еден сад ги соединуваме ситно сецканите состојки за маринадата.
3. Секое парче ослич го валкаме во вака подготвените состојки. Покриваме со прозирна фолија и оставаме два часа во фрижидер да се маринираат, односно ароматизираат рибите.
4. Во тенџере налеваме вода и додаваме сол. Од кога ќе почне да врие водата додаваме лупени компири, сецкани на покрупни парчиња. Вариме околу 20 минути. До колку ги сакате и белите делови од блитвата додадете ги на половина варење заедно со компирот. Пред сам крај се додаваат и листовите блитва. Се процедуваат од течноста.
5. Во тава загреваме маслиново масло и го пржиме сецканиот кромид. Тргаме на страна, па додаваме сол, бибер, лук во гранули и по желба, сок од лимон. Со овој прелив ги преливаме компирите и блитвата. Лесно промешуваме.
6. Сега во сад соединуваме брашно и презла. Парчињата риба ги валкаме, па ги пржиме на умерен оган да заруменат.
Сервираме вкусен ручек.
Совет: Додека ја пржите рибата, во тавата ставете 2-3 круга лимон. Сопругот си ги прелеваше со сецкан лук, магдонос и сок од лимон.
Мераци беше ручеков
Лиценца: Сите права се задржани
tocno, so novite aromi, dobi sosema nova dimenzija rucekov