Ги сакате ли ароматните оцети?
Ова е еден од низата од овој вид, зелена салата - марула, спанаќ, залиени со ароматен оцет, па да си насечкате и јагоди и портокали во неа.... супер нов вкус од вообичаените салати.
Ова е од пред 3 -три дена спремано, конечен резултат подоцна.
За прв пат и не ми беше многу јасно што тоа оцет ќе беше кога бидов кај мојата драга пријателка Зорица Павлоик. Но бидејки имам потполно верба во неа, не изостанаа вака спреманите ароматни заливки за зелените салати ниту од малини, исто така добар.
Ја користам приликата да и се заблагодарам што полека, но сигурно ме оведе во непознатото.

- Убаво созреани јагоди измијте, оставете да се исушат (нели тешко е бришењето нивно) и насецкајте. Ставете во чиста стерилизирана тегла, залијте ги со јаболковиот оцет. Оставете 3-три недели да одстојат на светло место, но повремено промешувајте ги по 2-3 пати неделно. Процедете после овој период преку газа и флаширајте.
Тоа е тоа.
Забелешка
Зорица вели дека е подобро да се спрема со бел Балсамико оцет, но никаде, баш никаде не најдов. Минатата пролет спремав со јаболков оцет, така и оваа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани