Подготовка:

1. Состојките за тестото, се ставаат во длабок сад за матење и се миксираат. Се остава смесата да одмори 5мин.
2. На загреана тава за палачинки, се става, со мала кутлача од смесата и се прават палачинките. Се пржат околу 30сек. Кога ќе се појават меурчиња на палачинката, се превртува од другата страна.
3. Кремот од вишни се прави напоредно со правењето на палачинките. Се ставаат вишните да се варат заедно со шеќерот околу 3мин. Потоа во мал филџан, се раствора нишестето со малку водичка и се става во вишните, да се вари како пудинг. Ќе се добие убава светликава смеса-крем.
Се редат палачинка, еурокрем, палачинка, еурокрем и најгоре кремот од вишни.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани