Подготовка
За предтестото, соединете ги сите состојки со миксер, со спиралните маталки. Покријте со крпа и оставете да отстои 4 часа.

Подготовка на лебот
Сите состојки, точно измерете ги и сите, освен путерот, ставете ги во длабок сад. Измесете тесто, или доколку имате кујнска машина, измесете го со маталката за тесто. Треба подолго време да се меси...на почеток тестото ќе биде компактно, подоцна ќе почне да лепи....такво треба да биде. Со машина се меси вкупно 10 минути (на рака некаде околу 15-20 мин.) После тоа, се додава путерот и се меси наредни 2 минути (на рака, 4 минути).

Оформете топка и ставете го тестото во намастен длабок сад, покријте со крпа и оставете на топло да стои најмалку 1 час, а најдобро 3 часа.

Поделете го тестото на 5 дела, секој дел тежи некаде околу 230гр. Секој од нив се премесува, т.е. „дипли“ како кога се прави лиснато тесто. На крај завиткајте ролничка и ставете во намастена долгнавеста форма за леб. Внимавајте на големината на формата, тестото во печењето ќе нарасне 3 пати повеќе. Користете или една поголема форма, или две помали.

Оставете да нарасне 1 час.

Рерната вклучете ја да се загрева на 240 степени. Се пече вкупно 40тина минути. Ставете го лебот да се пече и веднаш намалете ја температурата на 200 степени. Отворете повторно рерната и нашприцајте неколку пати со вода за да се направи пареа. После 10 минути, отворета ја вратата од рерната за да излезе пареата. Потоа, продолжете со печење наредни 30 минути.

Откако ќе се испече, веднаш со четка лебот се премачкува со вода, се вади од формата и се остава потполно да се излади.

Сечете парчиња и уживајте во вкусот на прекрасниов леб.

Верувајте, поубав леб немам пробано до сега!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани