Во моментите кога ви се јадат палачинки и сакате да ги направите брзо и евтино тогаш ви го препорачувам овој рецепт, кој многу често го правиме дома.
Најпрво ги матиме со миксер јајцата и шеќерот, потоа ги додаваме и другите состојки и продолжуваме со матење додека не добиеме хомогена смеса.
Со лажица црпалка за супа ставаме во претходно загреано тавче за палачинки (моето е Делимано, еден од моите први подароци од Мои рецепти, кое и по толку години употреба се' уште незаменливо ) а секако вие можете во какво имате да ги правите, само да е некое кое нема да ви се лепат палачинките за да може да ги вртите без да се изгуби нивната форма.
Декорацијата е по ваша желба. Ние овој пат решивме да биде домашен мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови