Кога ќе се спомне авокадо, ме потсетува на гвакамоле. Сакав да пробам друг вкус и да го употребам со други состојки. Видов многу рецепти каде што секомбинира сирење со авокадо, павлака со авокадо, различни зачини и се решив за моја комбинација и многу ми се допадна. Интересна е и самата текстура на намазот што се доби при подготовката.

За подготовка потребно е состојките да се ставаат во сецко/блендер и да се блендираат додека да се формира кремаста смеса.
Зачините се ставаат по желба, вкус и избор. Мене овие зачини најмногу ми одговараа и затоа ги употребив.

Се надевам дека ќе ви се допадне и на вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови