Мирисната нота на босилек дава прекрасен медитерано-шмек на ова тавче.

На оган во сад се става маслото да загрее, се става кромидот, компирот и морковот да се пржат некои 10.мин, се додава пиперка и меленото после, убаво да се подзапржат, се налева 120мл.вода и базилико сос, зачините. Се нека се крчка на тивко 15 мин.

За тоа време огноотпорен сад подготвуваме така што го премачкуваме путер, рониме презла, се излева смесата од тавчето внатре, одозгора ја израмнуваме, се налева 100мл. вода и се става на 200 во рерна да се печи 15 мин.

За горниот слој се матам јајцата, се става јогуртот, па пармезан, пченкарното брашно се нека се изедначи. Се вади од рерна садот со мелено, се полева со оваа смеса и се враќа да се допечи уште 20мин. во рерна.Служете ја по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови